Фото: ЕПА

Северна Кореја повторно испали балистички ракети

Северна Кореја испали балистички ракети кон исток, објави „Ројтерс“  , а инцидентот го потврдиле и јапонски извори, додавајчи дека ова е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на нејзините воени капацитети.

Всушност. Северна Кореја по седми пат лансираше балистички ракетиоваа година, само месецот четири пати.

Професорот на Универзитетот Кјунгнам во Јужна Кореја, Лим Еул-чул, изјавил дека Северна Кореја го користи моменталниот фокус на САД врз Иран, истакнувајќи дека земјата го гледа ова како златно време за надградба на своите нуклеарни енергетски и ракетни капацитети.

Ваквите тестови ги кршат резолуциите на Советот за безбедност на ООН против севернокорејската ракетна програма.  Пјонгјанг, од друга страна, ја отфрла забраната на ООН, истакнувајќи дека тоа го крши нејзиното суверено право на самоодбрана.

Јужнокорејската војска соопшти дека балистичката ракета летала кон исток, објави новинската агенција Јонхап, без да даде детали.

Јужнокорејското Министерство за одбрана сè уште не го коментираше инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот