Северина на Кеба му должи 70.000 евра: Дали пејачката планира да го врати долгот кон поранешниот свекор?

Instagram
Фото: Instagram

Балканските медиуми објавија дека хрватската пејачка на својот поранешен свекор му должи значителна сума пари. Според извор за „Курир“, Северина имала многу помалку работа од вообичаеното поради пандемијата, па набрзо ги потрошила сите пари што ги заштедила.

Таа тогаш најмногу престојувала во домот на поранешниот сопруг Игор Којиќ. Набрзо таа побарала позајмица од неговиот татко Драган Којиќ – Кеба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Во меѓувреме беше уапсена поради прекршување на полицискиот час, а Кеба и ја плати казната. Набрзо потоа таа и Игор раскинаа, а таа си ги собра работите и се врати во Хрватска. Она што сите не изненади е што никогаш не се јави да се врати парите. Кеба решил да и ги прости малите долгови, но во еден момент и се јавил за овој долг од 70.000 евра.Таа му рекла: „Сега немам“, а следниот пат не одговорила кога ја побарал“, вели извор за гореспоменатиот портал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)

Да потсетиме, Северина и Игор Којиќ се разведоа минатата година, но без поголеми скандали. На пејачката ова и беше втор развод, таа претходно беше во брак со Милан Поповиќ со кој го има синот Александар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот