Сестрите Олсен ги диктираат трендовите: Вака се носи најпопуларниот капут на сезоната! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Овој тренд сигурно ќе ви се допадне…

За променливото време, кога температурата во текот на денот драстично се менува, најдобриот избор се капутите. Се уште не е време за зимски, дебели јакни, но неопходно ни е нешто што ќе не заштити од ладните ноќи и ветрот.

Доколку покрај тоа сакате и да бидете во тренд и стилизирани по последната мода, овој капут е полн погодок за вас.

Фото: Инстаграм

Сестрите Олсен демонстрираа како ова парче облека се носи без грешка. Откако тие се претставија во овие капути, на жените во светот тие им станаа омилени.

Овој тип на капут е доволно долг да ве згрее, а воедно е и и многу тренди и на секој стајлинг му дава интересна и интригантна доза.

Оваа сезона повторно е актуелен трендот на предимензионирани модели, па не не чуди фактот што токму ваквите модели на капути се најдоа на врвот од модната листа.

Фото: Инстаграм

Лесно се вклопува во сите стилови. Може да се носи и со патики, но одлично изгледа и во комбинација со пантолони, сукњи, фустани и високи потпетици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот