Серија А: Пандев на стартот со Кротоне, Елмас гостува кај Парма!

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Денеска се објави календарот за новата натпреварувачка сезона 2020/21 во најсилната италијанска Серија А. Сезоната ќе започне на 20 септември 2020, а последното коло ќе се одржи на 23 мај 2021 година.

Актуелниот шампион Јувентус својот прв натпревар ќе го има на домашен терен против Сампдорија.

Повторно ќе имаме тројца македонски фудбалери во елитата, Горан Пандев со Џенова ќе го пречека составот на Кротоне.

Потоа, Елиф Елмас со екипата на Наполи ќе гостува кај Парма, а Удинезе на Илија Несторовски ќе се обидат да дојдат до првите три бода на домашен терен против новајлијата Специја.

Комплетниот календар за сезоната 2020/21 во Серија А можете да го погледнете ТУКА

Сезона 2020/21
Серија А, прво коло, двојки –

Беневенто-Интер
Фиорентина-Торино
Џенова-Кротоне
Јувентус-Сампдорија
Лацио-Аталанта
Милан-Болоња
Парма-Наполи
Сасуоло-Каљари
Удинезе-Специја
Верона-Рома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот