Серија А: Мируваа мрежите на дербито Интер-Рома! (ВИДЕО)

фото:твитер

Започна 15. коло со дербито на Серија А меѓу екипите на Интер и Рома, вечерва на „Џузепе Меаца“ во Милано немаше голови 0:0.

Во седмата минута од натпреварот се закани Ромелу Лукаку. Голманот на Рома, Антонио Миранте беше подобар кој одлично го одбрани ударот од врвот на шеснаесетникот. Голема шанса на домаќините. Во наредниот напад, Лаутаро Мартинез имаше добра можност, но ја префрли топката над голот со лизгачки старт на топката.

Во 39. минута Бираги падна во казнетиот простор, за рака малку го повлече Спинацола, но судијата Калварезе не досуди ништо. Бираги протестираше, но залудно.

Мечот го одбележа и еден бизарен момент, поточно непосредно пред паузата каде што еден играч на домаќините се судри со главниот судија.


Пред да ги испрати играчите кон соблекувалните, убава прилика за реализација имаше Брозовиќ. Остана сам на 13-14 метри после убавото додавање на Лукаку, шутираше со десната нога, но над голот.

На стартот од вториот дел уште една голема одбрана на Миранте. Весино шутираше од само четири-пет метри, сите помислија дека ќе биде лесна реализација, но Миранте чудесно одбрани.

Возбудувања имаше, но голови никако да дојдат. Во 69. минута Мартинез се најде во шанса, повторно Миранте во центарот на вниманието. Евидентно беше дека одбраната на Рома тешко се носеше со нападот на Интер. На крајот мрежите останаа незатресени (0:0).

После ова реми „неро-аѕурите“ останаа на врвот во шампионатот, но Јувентус викендов има шанса повторно да се искачи на првата позиција. На табелата води Интер со 38 бодови, Рома е на четвртото место со 28. Јуве е второпласиран со 36 бодови, а својот дуел ќе го има в сабота против Лацио во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот