СЕНЗАЦИЈА: Андреску го освои првиот Грен слем во кариерата! (ВИДЕО)

twitter.com/Tennis_Matrix

Канадската тинејџерка Бјанка Андреску (19) во финалето непријатно ја изненади Американката Серена Вилијамс и го освои последниот Грен слем сезонава, „УС Опен“. Славеше против една од најдобрите тенисерки во историјата, откако го освои првиот сет со 6:3, видовме поголема драма во вториот.

Поведе со 5:1, но потоа Вилијамс со голема серија стигна до израмнување. Но, Андреску потоа освои два гема по ред (7:5) и дојде до грен слем титулата, нејзина прва во кариерата.

Андреску оваа година успеа дојде до првите свои трофеи во својата кариера на турнирите во Индијан Велс и Торонто.

Американката така втора година по ред е поразена во финалето во Њујорк, лани загуби од Јапонката Наоми Осака. Воедно пропушти да дојде до 24 грен слем трофеј и се израмни со легендарната Маргарет Корт.

Канаѓанката има само 19 години, пред Отвореното првенство на САД никогаш не се пласирала во третото коло на еден од грен слем турнирите, а сега се најде на тронот. Од понеделник ќе биде петта тенисерка на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот