Сензација во Доха: Алкараз елиминиран во четвртфиналето
Уште еден одличен меч се одигра на турнирот во Доха, Катар. Овојпат на теренот беа Карлос Алкараз и Јиржи Лехечка, а голема сензација приреди Чехот кој триумфираше со 6:3, 3:6, 6:4.
Препорачано
Овој дуел започна идеално за третопласираниот светски играч, кој веќе направи брејк во третиот гем. Сепак, после тоа неговата концентрација опадна. Неговиот ривал го искористи тоа, двапати го брејка неговиот сервис и со серија од четири последователни гемови стигна до 5:2, а набрзо го освои и првиот сет.
Реакцијата на Алкараз беше очекувана и тоа се случи. Во вториот сегмент Шпанецот го направи својот единствен брејк во четвртиот гем. Тој без проблеми успеа да го одржи водството и го одведе мечот во третиот сет.
Шпанскиот тенисер во тие моменти ги држеше конците од играта во свои раце. Поведе со 4:2 во решавачкиот дел од дуелот и се чинеше дека без проблеми ќе го приведе мечот до крај. Така не мислеше Чехот, кој од тој момент одигра фуриозно и со нова серија од четири гемови оствари пресврт и голема победа.
Лехечка во полуфиналето на овој турнир од серијата 500 ќе игра со победникот од мечот меѓу Матео Беретини (Италија) и Џек Дрејпер (Велика Британија).


