Семејна трагедија во Калифорнија: Киднапираното четиричлено семејство пронајдено мртво

Убиено семејство од Калифорнија/ Фото Andrew Kuhn / Zuma Press / Profimedia

Четири члена на едно семејство кои претходно беа киднапирани се пронајдени мртви на фарма во Калифорнија, изјави шерифот на округот Мерсед, пренесува Еј-Би-Си њуз. Осуммесечната Арохи Дери, нејзините родители Јаслин Каур (27), Џасдип Синг (36) и вујкото на бебето Амандип Синг беа киднапирани во понеделникот.

Мотивот за киднапирањето и убиството засега не е познат, а увидот на местото на злосторството се уште е во тек. Осомничениот е Хесус Мануел Салгадо (48). Тој се обидел да се самоубие во вторникот, а во моментов е во критична состојба.

Во понеделникот во 8:30 часот, Џесдип Синг пристигнал во семејниот бизнис, а неколку минути подоцна и неговиот брат Амандип Синг. Потоа виделе некој како се движи по автопатот во близина. Откако Џесдип Синг го приметил, тој остварил контакт со него. Осомничениот потоа извадил пиштол и влегол во продавницата.

Убиено семејство од Калифорнија/ Фото Merced County Sheriff / Zuma Press / Profimedia

Џејсдип и Амандип Синг биле видени како излегуваат од зградата, очигледно со рацете врзани зад грб и седнати на задното седиште. Осомничениот ги однел на непозната локација, а потоа по неколку минути се вратил на паркингот на претпријатието и влегол внатре. Неполна минута подоцна, Џеслин Каур и нејзиното 8-месечно бебе излегле со него, а потоа тој ги однел на истото место.

Канцеларијата на шерифот во вторникот објави дека автомобилот на Амандип Синг бил пронајден како гори. Шерифот рече дека верува дека најмалку уште едно лице било вмешано во злосторството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот