Селтик го почести со „петарда“ Номе Калју

Шкотскиот шампион Селтик ја торпедираше екипата на Номе Калју во првиот натпревар од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Тимот кој во претходната рунда ја елиминира Шкендија, е поразен со убедливи 5:0 на гостувањето во Глазгов. Кристи постигна два гола, во листата на стрелците се запишаа и Ајер, Грифитс и Мекрегор.

Предноста на домашен терен ја искористистија речиси сите екипи, освен Дудалк кој одигра 1:1 против Карабак.

Црвена Звезда во Белград со 2:0 го совлада Хелсинки, благодарение на головите на Ричмонд Боачи и Милан Павков. Марибор со 2:1 славеше против АИК, а Ференцварош беше уште поубедлив и победи со 3:1.
Резултати:
БАТЕ – Розенборг 2:1
Клуж – Макаби Тел авив 1:0
Ференцварош – Валета 3:1
Марибор – АИК Стокхолм 2:1
Селтик – Номе Калју 5:0
Црвена Звезда – Хелсинки 2:0
Дундалк – Карабак 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот