Селма Блер тешко се справува со болеста, но сепак објави прекрасна вест (ВИДЕО)

инстаграм

Актерката Селма Блер редовно ги известува своите следбеници на социјалните мрежи како се одвива нејзината борба против мултипла склерозата.

Меѓутоа, филмската и телевизиска ѕвезда во последно време престана да пишува за својата здравствена состојба. Но сега, по подолго време таа конечно се огласи и вестите се одлични.

инстаграм

Во новата објава на Инстаграм Блер напиша дека добила протеза за одење која многу и помага. Имено, актерката по дијагнозата го загуби говорот, но подоцна постепено го врати, а едно време таа беше и неподвижна.

Актерката објави кратко видео од своето одење и тоа колку напредувала.

Болеста која го напаѓа централниот нервен систем влијае на телото и умот. Најчестите симптоми се проблемите со одењето, заморот, слабоста, болките и депресијата.

Селма отворено зборуваше во медиумите за својата борба со болеста која и беше дијагностицирана во 2018 година. Таа едно време користеше бастун, но сега доби подобро и трајно решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот