Селекторот на Исланд ги избра фудбалерите за натпреварот против Македонија

Првиот натпревар помеѓу Македонија и Исланд заврши без победник/ фото: ФФМ

Селекторот на фудбалската репрезентација на Исланд, Арнар Видарсон го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за завршницата од квалификациите за пласман на СП 2022 година.

Исланд во ноемврискиот квалификациски циклус ќе игра против Романија и против Македонија.

Видарсон не направи поголеми промени, и Исланд во Скопје доаѓа речиси идентичен состав со кој играше во октомврискиот квалификациски циклус.

Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд ќе се игра на 14 ноември на Националната Арена „Тодор Проески“.
Првиот натпревар помеѓу Македонија и Исланд и Македонија заврши без победник 2:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот