Селекторот Лазаров во Каиро патува без Стоилов и уште тројца ракометари

Стојанче Стоилов 15 години го носеше националниот дрес / фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Македонската ракометна репрезентација денеска патува за Каиро каде утре и во сабота ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Египет, а селекторот Кирил Лазаров во Скопје остави четири ракометари.

Лазаров нема да може да смета на четири ракометари кои ги одработија подготовките во Скопје, а тоа се Стојанче Стоилов, Петар Атанасијевиќ, Градимир Чаневски и еден помеѓу Томислав Јагуриновски и Марко Митев.

Стоилов останува во Скопје бидјеќи неговиот клуб Вардар побара да биде изземен од натпреварите со Египет бидејќи има лесна повреда и „црвено-црните“ сакаат да ја санираат во период кога нема клупски натпревари.

Петар Атанасијевиќ остана во Скопје бидејќи првиот избор Бојан Маџовски е подготвен за настап и ќе патува за Египет.
Голманот Градимир Чаневски не патува за Каиро бидејќи веќе во тимот ги има Митевски и Томовски.

Третата играч што треба да остане е дилема, или ќе биде Томи Јагуриноски кој заработи повреда на зглобот на тренинг и се чека докторите да дадат конечна одлука дали ќе му треба пауза. Тоа ќе се знае во следните час или два. Доколку добие зелено светло Јагуриновски, тогаш во Скопје ќе остане Марко Митев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот