СЗО: Секој осми Европјанин кој прележал ковид може да се соочил со долготрајни последици

Скоро 36 милиони луѓе во европскиот регион, според Светската здравствена организација (СЗО), можеби развиле долгорочни здравствени последици откако ја прележале инфекцијата со коронавирусот. Евиденцијата на СЗО покажува дека ковид досега прележале околу 276 милиони луѓе во Европа, што значи дека со „долгиот ковид“ можеби се бори секој осми Европјанин кој се заразил со вирусот.

Во вкупни бројки, тоа значи дека во последните три години приближно еден од триесет жители на Европа почувствувал или се уште има такви последици, изјави регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на конференцијата што се одржа денеска во Копенхаген.

Клуге додаде дека треба да се направи многу повеќе за подобро да се разбере таканаречениот „долг ковид“.

„Долгиот ковид останува сложена здравствена состојба за која сè уште знаеме многу малку“, рече Клуге, додавајќи дека без развој на сеопфатна дијагностика и форми на лекување, општеството никогаш нема вистински да закрепне од пандемијата.

СЗО во европскиот регион опфаќа вкупно 53 земји. Покрај членките на ЕУ, таа вклучува и земји источно од Европската унија, сè до Централна Азија.

Долг ковид е термин кој се користи за опишување на симптоми кои се развиваат и перзистираат по акутната фаза на болеста (која трае четири недели) или повторно се појавуваат по одредено време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот