Оливер Спасовски / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Секогаш кога СДСМ бил слаб, се случувале ретроградни процеси во државата, вели Оливер Спасовски

Пратеникот на СДСМ и поранешен технички премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва во гостување на „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за значењето на конгресот на партијата закажан за 24 јануари, изборниот резултат и идниот правец на СДСМ.

Спасовски посочи дека е член на Социјал-демократскиот сојуз повеќе од 30 години и дека идеологијата и вредностите на партијата се основа на неговото лично и партиско функционирање.

Според него, консолидацијата и јакнењето на СДСМ ќе значат враќање на довербата кај граѓаните, а со тоа и зајакнување на државата.

„Факт е дека секогаш кога СДСМ бил слаб, се случувале ретроградни процеси во државата“, рече Спасовски.

„Мицкоски во 2018 година бараше да се врати техничката влада“

Спасовски е дециден дека евентуалните промени околу техничката, односно преодната влада, треба да бидат предмет на сериозна политичка дебата во која ќе учествуваат најголемите парламентарни партии, но и меѓународната заедница.

Тој рече дека овој модел е воведен токму поради сериозните злоупотреби на државните ресурси за време на изборите додека ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше Владата. Токму тие околности, вели тој, довеле до воведување на посебни механизми за контрола, вклучително и учество на опозицијата во клучни министерства.

„Кога беше донесен Законот за влада, во преодните одредби јасно стоеше дека техничката влада ќе важи само за парламентарните избори во 2016 година. По тој период, изборите требаше да се организираат без ваков модел“, рече Спасовски.

Но, вели тој, во 2018 година, за време на разговорите поврзани со референдумот, тогашниот лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски, побарал враќање на преодната влада како механизам што ќе ѝ овозможи на опозицијата поголемо учество и контрола во изборниот процес. Тогаш, како што рече Спасовски, СДСМ прифатил техничката влада повторно да биде вградена во Законот за влада, но без временско ограничување за еден изборен циклус.

Ахмети се избори за дополнителна средба очи в очи со Мицкоски, на лидерската падна договор за нов Изборен законик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот