СЕХА: Вардар и со пораз се пласираше на Ф4 турнирот

фото: jozo cabraja/seha liga/

Европскиот шампион многу потешко од очекувањата обезбеди настап на својот деветти Фајнал-фор турнир во регионалното натпреварување.

Вардар во Скопје од Нашице донесе предност од 30:31, а вечерва на реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА Газпром лигата загуби од хрватскиот Нексе со 25:26.

Благодарение на повеќе постигнати голови во Хрватска, играчите на Стевче Алушовски ќе играат на завршниот турнир во Задар, Хрватска. Во драматична завршница, новото засилување од Полска, пивотот Валчак со гол на шест секунди пред крајот го спаси Вардар од елиминација.

Најефикасни во победничките редови беа Чупиќ и Дисингер по пет голови, додека голманот Ристовски имаше девет одбрани. На спротивната страна Јагањац осумпати се запиша во листата на стрелците.

Според програмата, во полуфиналето Вардар ќе игра против ППД Загреб, а Веспрем ќе се соочи со Мешков Брест. (фото: seha-liga/Jozo Cabraja)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот