Седнал до непознат човек во авионот и се шокирал: Тој бил негов двојник и имале исто име

Фото: Принтскрин/ Твитер/ Daily Mail Online

Марк Гарланд (58), возач на автобус од Троубриџ во Вилтшир, Англија, на 2 март патувал од Лондон за Бангкок. Тој поминал на чекирање, но бил запрен на влезот во авионот од стјуардесата, која му кажала дека веќе е зафатено неговото место.

Вработените во авиокомпанијата биле збунети и им биле потребни 40 минути за да откријат дека всушност имало две лица со истото име, Марк Гарланд на летот, пишува „Дејли мејл“.

Двајцата британци со исто име се сретнале пред да влезат во авионот и биле воодушевени кога виделе дека не само што го делат истото име, туку изгледаат неверојатно слично, и двајцата со избричени глави.

Коинциденциите продолжиле кога на крајот откриле и дека седат еден до друг во авионот, а остатокот од летот го поминале разговарајќи. Набрзо дознале дека живеат само на 24 километри оддалеченост, имаат ист пријател и исто хоби.

Другиот Марк, 62-годишен градежник од Вармли во Бристол, дури понекогаш се вози во автобусот на помладиот Марк. И двајцата се сингл, и двајцата имаат четири деца, иако помладиот Марк никогаш не бил оженет, за разлика од постариот Марк кој сега е разделен. И двајцата го сакаат Тајланд – откако го посетиле повеќе од десетина пати.

Тие си ветиле дека ќе останат во контакт и договориле да се сретнат на пиво во Тајланд на одмор.

„Стекнав пријател за цел живот“, изјавил постариот Марк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот