Седлоски: Не заслуживме да загубиме, вечерва не славеше подобриот тим

Работнички е новиот тренерски предизвик на Гоце Седлоски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Фудбалерите на Шкупи вечерва загубија со 1:2 од Балкани на Националната Арена „Тодор Проески“ во првиот натпревар од плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на конференции.

Со поразот на домашен терен, Шкупи направи чекор наназад во обидот да обезбеди европска есен, а тренерот на македонскиот шампион Гоце Седлоски смета дека неговите играчи иако го дадоа максимумот, беа сурово казнети за грешките.

– Ова беше добар натпревар, но подобриот тим не победи денеска. Видовте и самите, колку шанси не искористивме. Одлично влеговме во натпреварот, поведовме, а потоа примивме гол на што ги предупредив играчите. Мислам дека тој гол не раздрма. Последните 20 минути од средбата играчите дадоа се од себе, имавме многу шанси, не ги искористивме. Противникот со два шута на гол даде два гола. Има уште 90 минути да одиграме и никако не можам да му честитам на мојот колега затоа што не беа подобар противник, но се бројат головите. Момците го дадоа максимумот, но грешките што ги правевме во претходните натпревари ги повторивме и сега. Шансите мора да ги искористиме, на вакви натпревари кога не се користат шансите, противниците казнуваат – вели Седлоски.

Тренерот на Шкупи најави дека во реваншот ќе одат на победа.

– Јас ја сносам одговорноста. Но прашувам, кој противник не надигра во овие четири натпревари? Не се предаваме така лесно и на реваншот. Одиме да одиграме добар натпревар. И претходно реков дека играме со добра екипа, но не заслуживме да загубиме. Овие шанси кои ги имавме денеска доколку повторно ни се пружат, верувам дека ќе постигнеме гол – смета Седлоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот