Седлоски: Линколн е незгоден тим, но Шкупи оди на победа

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски/Фото: fcshkupi.com

Тренерот на македонскиот шампион Шкупи, Гоце Седловски, вели дека неговите фудбалери се подготвени за стартот на европската авантура.

Шкупи утре од 20.45 часот во рамки на првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите ќе игра против Линколн од Гибралтар.

– Ја подготвувам добро екипата, да го дадеме максимумот да ги одиграме овие 90 минути ова е прво полувреме. Со победа би биле задоволни, имаме незгоден тим, доста агресивен, доста трча и знае да се брани. Ќе излеземе од прва минута како во првенството.Имаме нови 11 играчи, но костурот е задржан. Земавме играчи таму каде што ни требаа и мислам дека Шкупи ќе биде повторно силен. Треба време да се вклопат во екипата, но работевме на тоа на подготовките и се надевам дека ќе бидат подготвени за овој предизвик – рече Седлоски.

Капитенот Кристијан Наумовски смета дека Линколн е противник по мерка, но предупредува да не се потцени шампионот на Гибралтар.

– Ќе биде привилегија да играме со Динамо, но одиме прво на Линколн и мислиме само на овој двомеч па после ќе мислиме на другите предизвици. Сакаме да го решиме мечот тука и ако имаме шанса ќе ја искористиме. Ќе дадеме се од себе на двата меча – смета Наумовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот