Себастијан Фетел не ја отфрла можноста да направи камбек

EPA/DIEGO AZUBEL

Трикратниот шампион не може категорично да каже дека никогаш нема да се врати, но, свесен е дека ако реши повторно да вози во Ф1 тоа мора да биде релативно брзо

Себастијан Фетел одби да ја отфрли можноста за враќање во Формула 1 кога беше прашан за веројатноста за камбек, јавува „Индипендент“.

Четирикратниот светски шампион се пензионираше на крајот од 2022 година по две години фрустрации во тимот на Астон Мартин.

Завршницата на неговиот престој во Формула 1 беше далеку од годините на славните денови, кога со Ред бул освои четири титули во низа од 2010 до 2013 година.

Но, 36-годишниот Фетел признава дека не може да ја исклучи можноста за камбек на сличен начин како Фернандо Алонсо или Кими Раиконен.

– Не можам да кажам не, бидејќи не знам. Некои се враќаат, па не можам да го исклучам тоа. Веројатно многу ќе зависи од тоа кога евентуално би се вратил бидејќи на 36 години не можете да кажете „да за 10 години“. Можеби размислувам за тоа, ќе зависи од предизвикот, но како и да е, тоа не е во мојата глава во моментов – вели Фетел.

Како 53-кратен победник на трки во Ф1, Фетел го имаше своето деби во 2007 година, а ја оствари својата прва победа во Монца со Торо росо во 2008 година.

Фетел зборуваше за медиумот Скај пред трката за Големата награда на Сингапур овој викенд, каде што Германецот ја забележа својата последна победа во Ф1 кариерата во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот