Затворот „Идризово“, Фото: МИА / архива

Се запали покривот на амбулантата во затворот „Идризово“

Ноќеска се запалил кровот на амбулантата во затворот „Идризово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, пожарот е изгаснат и нема повредени.

„На 26.03.2026 во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затвореното одделение-амбуланта. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема“, соопшти МВР.

Извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот