Се заљубиле како две жени: 11 години подоцна застанале пред олтарот како маж и жена

Шеј Робертсон и неговата партнерка Џули Меклин / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Во изминатите пет години, Шеј Робертсон поминал низ тешка трансформација од жена во маж, која вклучувала низа операции, а сега тој и неговата партнерка Џули Меклин велат дека никогаш не биле посреќни, пренесува „The Mirror“.

Шеј и Џули – Се заљубиле како две жени, а 11 години подоцна застанале пред олтарот како маж и женаш

Додека неговата 53-годишна свршеница Џули Меклин одела кон олтарот во прекрасен фустан од тантела, 52-годишниот Шеј Робертс стоел во син костум. Шеј и Џули од Нортемптон, Велика Британија се венчале цели 11 години откако се запознаа.

Во тоа време, тие биле „само“ две пријателки Сали и Џули, двете мајки на по две деца, но пред 5 години Сали решила дека сака да си го промени полот за да стане Шеј, човек чиј изглед се заснова на пејачот и актер Шејн Вард. Денес тие се посреќни од кога било.

„Денот на нашата венчавка во април годинава беше совршен. Сакав да ја потврдам мојата љубов кон Џули, особено по поддршката што таа ми ја даде во мојот живот. Долго разговаравме за тоа и морав да се потрудам да заштедам доволно пари, но се исплатеше. Џули е љубовта на мојот живот и се чувствувам многу среќно. Тоа беше најдобриот ден во мојот живот“, изјави Шеј.

Шеј вели дека никогаш не му било удобно во сопственото тело.

„Отсекогаш ме привлекувале жени и се облекував прилично мажествено. Се гледав себеси како машкоданеста лезбејка. Моите две врски со мажи беа краткотрајни, но не се каам затоа што со нив добив две прекрасни деца – Ендру, кој сега има 32 години, и Ејми, која има 23“, вели Шеј.

Во слична ситуација била и Џули, разведена со две деца.

„Бев во брак 20 години кога дознав дека бившиот ме изневерил. Долго време бев сама, а потоа имав кратка врска со друга жена. Обожавав да разговарам со Шеј, која беше Сали во тоа време. Работевме заедно и разговаравме за нашите деца и работа, но чувствував вистинска поврзаност“, раскажа таа.

Кога Џули ја напуштила таа работа, тие изгубиле контакт, но две години подоцна Сали ѝ испратила порака на „Фејсбук“.

„Веднаш одговорив: „Време беше!“, се смее Џули. Така, како што вели, станале пар на 11 април 2011 година, но една случајна забелешка им го променила текот на животот. „Шејн Вард беше на телевизија и реков дека се восхитувам на неговиот изглед, особено на неговата упорност, а потоа Џули се сврте кон мене и ми рече: „Сакаш да бидеш маж, нели?“. Ми требаше една минута да ѝ одговорам. Таа зовре затоа што не сакав да ѝ признам за да не ја исплашам. Но, секогаш се чувствував како маж. Кога бев млад, сакав да уринирам како маж, во кревет се чувствував како маж. Чувствував дека сум во погрешно тело. Затоа зедов длабок здив и признав: Да, сакав да бидам маж“, вели Шеј.

На негово олеснување, Џули не била загрижена за одговорот, таа само рекла: „Не е важно кој си или што си, те сакам поради тебе“, се сеќава таа.

По истражувањето на достапните третмани, Шеј отишол кај лекар за семејна медицина за да иницира промена на полот, петгодишен процес кој вклучува пет радикални операции.

„Беше големо олеснување што ја имав поддршката од Жулиен. Првиот чекор е да докажете дека веќе две години живеете во својата нова полова улога, па во 2012 година го сменив моето име, именувајќи се себеси Шеј, по Шејн Вард. Еднаш во Пошта ме прашаа дали по грешка сум ја донела возачката дозвола на мојот сопруг. Беше непријатно. Можев да почувствувам дека луѓето зјапаат во мене. Но, тоа ме направи порешителен. Не сум разговарал за тоа со никого освен со Џули и нејзините деца. Мојот син беше добро, но Ејми, која тогаш имаше 14 години, беше загрижена што ќе кажат другите ученици. Сега е среќна“, вели Шеј, додека Џули додава: „Толку се навикнав да го нарекувам Сали што правев многу грешки, но на крајот успеав“, вели тој.

Шеј додава дека му се сменила вилицата и му пораснале влакна на градите и грбот.

„Исто така, моите колкови станаа помалку женствени. Беше возбудливо да ги видам промените и да го купам мојот прв жилет и да ја избричам брадата за да изгледам како маж“, раскажа таа.

Шеј бил подложен на својата прва операција, двојна мастектомија, во 2016 година.

„Беше големо олеснување да се ослободам од градите“, вели тој… „Некои од операциите беа ризични, но резултатите се неверојатни. Да имам совршено правилен пенис беше надвор од моите најлуди соништа. Можам да доживеам оргазам кога имам секс и се чувствувам како човекот што отсекогаш требаше да бидам“, раскажа Шеј.

Џули немала проблем да се прилагоди на новиот изглед на нејзиниот партнер.

„Мразев да гледам како Шеј страда. Но, јас го сакам исто како и кога беше Сали. Изгледа одлично“, раскажа таа..

Шеј имал само позитивни искуства по транзицијата. Сепак, неговиот татко сè уште е единствената личност што не може да го нарече Шеј.

„Тој е стар и му беше тешко, па сè уште ме вика Сал, иако повеќе не личам на неговата ќерка. Ми даде часовник изгравиран „За мојот син“ за да знам дека се труди и знам дека ме сака“, вели Шеј.

Тој ја запросил Џули уште во 2013 година, додека тој сè уште бил жена, но дури минатиот Божиќ решил тајно да ја организира нивната венчавка.

„Беше неверојатно изненадување и бев пресреќна што го избра 11 април, за да го одбележи денот кога станавме пар. Беше неверојатен ден, го споделивме со 40 блиски пријатели и членови на семејството. Церемонијата се одржа во прекрасна капела. Ејми ми помогна да изберам венчаница и во бурмата на Шеј изгравирав „You Take Time“, што му се допадна, вели Џули.

Иако сè уште немаат планови за меден месец, парот е посреќен од кога било.

„Денес дефинитивно имам повеќе самодоверба отколку кога бев жена. И физички сум посилен и можам да се справам со сите работи во гаражата. Но, ја задржав емоционалната интелигенција на жените“, се пофали Шеј и додава дека искрено верува дека секој треба да ги следи своите соништа и дека е одличен пример за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот