Се врати спортскиот и маалски живот во Карпош (ФОТО)

facebook.com/OpstinaKarpos

Заврши 17 издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ на игралиштето „Сокол“ во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“.

Се чекаше пет години повторно карпошани да уживаат во едномесечниот спортски настан кој претставува симбол на маалскиот и меѓугенерациски соживот во Карпош.

Првото место го освои тимот „Гостилница Кај Џек“, второто место припадна на „Андринико“, додека третото место го освоија „Codeart Fox“. Во јуниорскиот дел победи екипата на ФК „Вардар“ кои во финалето го совладаа тимот на ФК „Работнички“.

facebook.com/OpstinaKarpos

Меморијалниот турнир се одигра на реконструирано игралиште, а главен покровител беше Општина Карпош. Пред финалниот меч на турнирот, пред присутните се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

– Мило ми е што после пет години го рестартиравме турнирот кој е симбол на маалската дружба во нашиот Карпош. Обновата на игралиштето и на турнирот беше дел и од мојата изборна програма. Честитки до сите учесници кои покажаа спортски дух и фер плеј. Благодарност и до Здружението на граѓаните за организација на турнирот, до сите вклучени спонзори, како и до граѓаните кои живеат во оваа околина и имаа разбирање за спортските активности – рече Богоев.

facebook.com/OpstinaKarpos

По завршување на финалето, се доделија и наградите за најдобар голман (Емил Јоцевски – „Андринико“), најдобар млад играч (Димитриј Поповски, „Форца – Толту“) и најдобар играч (Виктор Димков – „Гостилница Кај Џек“).

На овогодинешниот турнир учествуваа 48 екипи од 9 градови. Во изминативе месец дена учество земаа 480 натпреварувачи, беа одиграни 151 натпревар, се постигнаа близу 715 голови, а на трибините беа присутни околу 35.000 гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот