родители

СЕ РАЗДЕЛИЛЕ, А УШТЕ ЖИВЕАТ ЗАЕДНО: Вака најмногу ни одговара во моментов

Пар од Србија живеел пет години заедно, кога сфатиле дека веќе не оди и дека ќе треба да се разведат. Но, поради финансиските проблеми и грижата за ќерката, тие и понатаму живеат заедно.

„Имаме одлично пријателство. Јадеме заедно, се дружиме, па дури и одиме на заеднички патувања. Но, спиеме во различни соби затоа што веќе нема привлечност. На почетокот беше чудно кога се гледавме со други. Имаме и заеднички календар според кој се усогласуваме кога треба да излеземе со некого. Ова нема да трае вечно, но тоа беше наједонставното и најпрактичното решение во оваа фаза“, истакнала Милица К.

Нејзиниот поранешен партнер пак вели:

„Милица многу ми значи. Иако не сме судски разведени, ја нарекувам поранешна сопруга, бидејќи само сопруга подразбира однос кој веќе го немаме. Размисливме што е најдобро за нас и нашата ќерка. Се обидовме и со полиаморија, но не успеавме. Постојат предизвиците на заедничкиот живот, комплицирано е кога излегуваме со други, но го надминавме тоа“, изјавил тој.

Тие двајца се свесни дека ова нема да потрае уште долго, но во ситуацијата во која се наоѓале, ваквата заедница била најоптимално решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот