Се распаѓа моќниот Партизан, Лесор официјално си замина

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Матијас Лесор е нов играч на Панатинаикос, официјално објави грчкиот клуб.

Францускиот центар го напушти Партизан по две години и потпиша двегодишен договор со грчкиот тим. Лесор во Панатинаикос ќе игра заедно со Лука Вилдоза кој еден ден претходно ја напушти Звезда и потпиша за грчкиот вицешампион.

Партизан со Лесор во изминатата сезона ја освои АБА лигата, а беше еден од кандидатите за МВП наградата во Евролигата, но на крајот мораше да се задоволи со место во најдобрата петорка.

Интерес за Лесор имаше и од Барселона, меѓутоа немаше ништо сериозно. Лесор е роден 29-ти септември 1995 година, а во текот на кариерата играше за Шалон, Нантер, Црвена Звезда, Уникаха, Баерн, Монако, Макаби и Партизан.

Како што стојат работите според она што се случува, Партизан летово ќе формира скоро нов тим бидејќи покрај Лесор уште неколкумина важни членови од оваа сезона нема да го носат црно-белиот дрес наредната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот