Се продлабочува соработката со Светска Банка во областа животна средина

Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се сретна со директорот на Светска банка за Северна Македонија и за Косово, Марко Мантованели.

На состанокот, Нуредини и Мантованели разговараа за новиот стратешки програмски документ на Светска Банка за Северна Македонија за период 2019-2023 – Рамка за партнерство (Country Partnership Framework), која има за цел да ја поддржи Република Северна Македонија во остварување на побрз, инклузивен и одржлив развој, како и подобрување на условите за живот на граѓаните.

Фокусот на разговорот беше на продлабочување на соработката во деловите од програмскиот документ кои се во блиска корелација со политиките и активностите на Министерството.

Како области од заеднички интерес со голем потенцијал за соработка беа посочени: генерално овозможување на  ниско јаглероден, инклузивен и одржлив развој кој ќе придонесе кон намалување на загадување на воздухот како еден од најаларманите еколошки проблеми во државата, намалување на емисии на стакленички гасови и климатски промени, како и забрзување на активностите за подготовка на земјата за потенцијални земјотреси, поплави и други природни опасности.

Двајцата соговорници се сложија дека со имплементација на Рамката за партнерство во голема мерка ќе и се помогне на државата во зајакнување на фискалната одржливост и забрзување на транзицијата за користење на поодржливи извори на енергија. Но, исто така, со оглед на ограничениот простор за фискална политика, зголемените фискални ризици и големите развојни потреби, напорите за зајакнување на растот не треба да создаваат нерамнотежа што може да предизвика криза и да го загрози веќе постигнатиот напредок.

Преместувањето на енергетскиот сектор на ниско јаглероден пат ќе ги намали ризиците од животната средина, ќе придонесе за помалку емисии и почист воздух и ќе го направи снабдувањето со енергија посигурно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот