Се придружи на предизвикот: Хали Бери изгледа спектакуларно и кога носи само перница (ФОТО)

инстаграм

На Инстаграм владее необичен предизвик под називот „quarantine pillow“. Оваа социјална мрежа е преплавена од фотографии на кои девојките наместо облека носат перница која ја држи само ремен околу половината.

На предизвикот не му одолеаа ниту бројните трендсетерки, меѓу кои и Македонките, па дури ниту светски славните дами.

Сега се придружи и славната актерка Хали Бери која уште еднаш потврди дека и со 53 години се уште е во неверојатно добра форма.

Вешто позираше и нагласи дека под црната перница не носи апсолутно ништо, а се погрижи и за модните додатоци. Лицето го сокри зад очилата за сонце и црниот шешир кои ги искомбинира со црни лакирани штикли.

Нормално, комплименти пристигнаа од сите страни, а заработи и повеќе од 300.000 лајкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот