Тамара, Ламбе, Викторија… „Макфест 2022“ со модерни песни

Макфест/Фото: Промо

Полека, но сигурно се ближиме кон 37-то издание на најреномираниот музички фестивал во нашата земја, „Макфест 2022“, кој ќе се одржи на 21-ви и 22-ри октомври во Штип.

Градот под Исарот и оваа година ќе биде домаќин на фестивалот кој е еден од главните „столбови“ на македонската музичка сцена наназад низ годините, а по се изгледа така ќе биде уште долги години…

Се разбира, во овие 37 години на овој фестивал настапиле стотици изведувачи, најмногу од Македонија, а учесници имало и од земјите од регионот, па и пошироко.

Она што го прави „Макфест“ посебен, е тоа што во овие 37 години го одбележаа многу хитови, многу евергрини и тоа во секакви стилови и жанрови. Но, едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека секое време си носи свои трендови…

Па, ако судиме по тоа, на „Макфест“ оваа година ќе доминираат модерени звуци, а тоа само докажува дека македонската музичка сцена и тоа како ги следи светските трендови во музиката.

Впрочем тоа го докажува и големиот интерес кај македонските артисти за да настапат на овогодинешниот фестивал. Тоа ни го потврди и уметничкиот директор на фестивалот, познатиот музичар Роберт Саздов.

„Да, интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има два вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни – вели Саздов.

Инаку на сцената во Штип, односно во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат околу 25 изведувачи вкупно во двете вечери. Меѓу нив е познатата пејачка Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска и многу други…

*Комерцијална/ПР објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот