Се појавија докази: Ишгл стана жариште на коронавирусот поради доцната реакција на властите?

Profimedia

Обвинувањата дека властите во австриската покраина Тирол, по појавувањето на првите случаи на коронавирус во Ишгл предоцна реагирале, се потврдени со мејлови од Исланд.

Во тие мејлови, кои излегле во јавноста, уште од 5 март се наведуваат хотелите во кои биле туристи од Исланд кои биле заболени од коронавирусот.

Ишгл, Австрија / EPA-EFE/STR AUSTRIA OUT

Виенскиот магазин „Профил“ наведува дека властите на Исланд го информирале министерството за здравство на Австрија не само за позитивните тестови на нивните граѓани кои се вратиле од одморот, туку неколку часа подоцна и за хотелите во кои биле сместени заболените.

Мејлот со имињата на пет хотели потоа бил проследен од министерството во Виена на покраинските власти во Тирол.

Ден подоцна, на основа на информации добиени од Исланд, била спроведена истрага во наведените хотели, се наведува во изјавата на покраинските власти за „Профил“.

Ишгл, Австрија / EPA-EFE/STR AUSTRIA OUT

Меѓутоа, се уште нема одговор колку лица биле тестирани на вирусот.

Само еден сопственик на хотел соопштил дека една соработничка, која имала најмногу работа со исландските гости, била прегледана и дека тестовите биле негативните.

За споредба, во случајот на заболена рецепционерка во еден хотел во Инсбрук, биле преземани интензивни мерки, пишува „Профил“.

Хотел со часови бил изолиран и сите гости и цел персонал биле прегледани, како и контактите на заболената жена, по што повеќе лица биле сместени во карантин.

Ишгл, Австрија / Profimedia

Зошто властите во Ишгл делувале многу помалку отколку во Инсбрук, ќе биде предмет на истрага на обвинителството, но и на истражната комисија на покраината, која наскоро треба да се формира.

Откако Здружението за заштита на потрошувачите поднесе пријава до обвинителството, со сомневање дека властите на Тирол ја одолговлекувале со прекин скијачката сезона, покрената е истрага.

Повеќе стотици лица, кои се заразиле во скијачките центри на Тирол се приклучиле во заедничка тужба, а меѓу нив претежно се туристи од Германија.

„Алпската Ибица“, еден од епицентрите на заразата со коронавирус во Европа, од викендов повторно работи (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот