Германци ќе тужат австриска покраина за која се верува дека е европското жариште на коронавирусот

Ишгл, Австрија / EPA-EFE/STR AUSTRIA OUT

Здружението за заштита на потрошувачите на Австрија (ВСВ) најави тужба против покраината Тирол поради несовесно однесување во случај на ширење на новиот коронавирус во скијачкиот центар Ишгл и обидот за забошотување на заразата.

За два дена се пријавиле 400 лица, од кои 350 Германци, кои сакаат да ја тужат австриската покраина Тирол.

Според ВСВ, властите во Тирол предоцна реагирале на информациите за инфексијата со Ковид-19 во Ишгл односно се обиделе да забошотат и со тоа избегнале затворање на туристичкиот центар.

Ишгл, Австрија / ФОТО: EPA-EFE/STR AUSTRIA OUT

Во Ишгл, а пред се во ски-барот Кицлох се инфицирале стотина Скандинавци, Германци, но и Австрици.

ВСВ претходно поднесе пријава против претседателот на Тирол, Гинтер Платер, градоначалникот, здужението на жичарници и други претставници на власта. Во исто време упати повик за поднесување на групна тужба од лицата кои се заразила со Ковид-19 на скијање во Тирол.

Ишгл, Австрија / ФОТО: EPA-EFE/STR AUSTRIA OUT

Здружението најави дека сака да собере изјави од сведоци, со кои треба да докаже дека е пролонгирано затворањето на ски-центарот од чисто комерцијални причини.

„Слободен печат“ веќе пишуваше за претпоставките дека токму Ишгл е европското жариште на коронавирусот. Кликнете тука за прочитате поопширно како дошло до тоа.

Откриено жариштето на коронавирусот во Европа: Над 1.000 лица се заразиле тука, а властите молчеле заради профитот?

Видео на денот