„Алпската Ибица“, еден од епицентрите на заразата со коронавирус во Европа, од викендов повторно работи (ФОТО)

Profimedia

Австрија е првата држава во Европската Унија, која веднаш по Велигден ги ублажи рестрикциите. Во оваа земја, бројот на заразени во еден ден, од 185 заразени на 14 април, падна на 77 заразени во саботата. Како што е познато дека заразеноста со ковид-19 се манифестира веќе после 6-7 дена, јасно е дека попуштањето на мерките, ако вака остане, сепак нема рапидно да го зголеми бројот на заразените, како што се стравуваше на почетокот.

Profimedia

Дури и познатото скијалиште „Ишгл“, еден од епицентрите на заразата во цела Европа, од викендов е повторно отворено, откако на 13 март беше ставено во целосен карантин. Во „Алпската Ибица“, една од најпопуларните скијачки дестинации во Европа, со коронавирус се заразиле повеќе од 800 луѓе од Ирска, Исланд, Хрватска…

Profimedia

Ишгл е познат по лудите забави и баровите на отворено. Во некои од нив туристите се натпреварувале така што од устата исфрлале топчиња и гаѓале чаши полни со пиво.

Profimedia

Тиролските власти на почетокот негираа дека Ишгл е извор на зарзазата, дури тврделе дека Исланѓаните се заразиле на аеродром во Милано. Но Der Spiegel открил дека 14 исландски туристи патувале по различни рути, не оделе сите преку Милано, а на сите им било заедничко што престојувале во Ишгл, во пет различни хотели.

Се испоставило дека еден од баровите е извор на зараза и дека таму еден од вработените се заразил пет дена откако барот бил затворен. Прво само го дезинфицирале и го оставиле нормално да работи и може само да се претпостави колку луѓе биле заразени во текот на тие пет дена пред затворање на барот.

Здружението за заштита на потрошувачите на Австрија (ВСВ) месецов најави тужба против покраината Тирол поради несовесно однесување во случај на ширење на новиот коронавирус во скијачкиот центар Ишгл и обидот за забошотување на заразата.

Profimedia

Ишгл од туризам годишно заработува повеќе од 120 милиони евра. По еден и пол месец строг карантин, во саботата конечно допуштиле влегување и излегување во Ишгл.

„Ќе согледаме сè што се случуваше изминативе недели и ќе донесеме одлуки. Се плашам дека помалку ќе се потпираме на „парти туризмот“ во иднина“, изјавил градоначалникот Гинтер Платер.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот