Се подготвува продолжението на „Gladiator“- Ридли Скот вели дека сценариото е веќе напишано

Ridley Scott & "Gladiator"/Twitter
Ridley Scott & "Gladiator"/Twitter

Филмот се очекува да ја следи приказната на Лусиус, кој го играше Спенсер Трет Кларк во филмот од 2000 година. Дејствието ќе се одвива 25-30 години подоцна, а се очекува да се појави и ликот на Максимус (Расел Кроу), и покрај тоа што тој умира кон крајот на првиот филм.

Уште во 2018 година, Paramount го одобри снимањето на вториот дел на „Gladiator“, а режисерот Ридли Скот неодамна потврди дека сценариото е веќе напишано. Автор на сценариото за продолжението е Питер Крег, кој исто така стои зад сценаријата на филмовите „The Town“ и „The Batman“.

– Сценариото е веќе напишано. Имаме добра шема и добра, логична насока на движење. Не можеме да направиме уште еден Gladiator-тип на филм. Постојат доволно многу компоненти од првиот од каде треба да ја продолжиме приказната. – изјави Скот за филмскиот сајт Deadline.

Што можеме да очекуваме од продолжението на „Gladiator“?

Филмот се очекува да ја следи приказната на Лусиус, кој го играше Спенсер Трет Кларк во филмот од 2000 година. Дејствието ќе се одвива 25-30 години подоцна, а се очекува да се појави и ликот на Максимус (Расел Кроу), и покрај тоа што тој умира кон крајот на првиот филм.

Gladiator/Twitter
Gladiator/Twitter

Иако засега не се познати дополнителни детали за премисата на „Gladiator 2“, ниту пак е познато кој друг ќе се појави во продолжението, постои надеж дека австралискиот актер Крис Хемсворт ќе добие накаква улога, откако изрази интерес за филмот во април годинава.

Расел и Хемсвтор работеа заедно на „Thor: Love and Thunder“, каде што се очекува Кроу да се појави во улогата на богот Зевс.

Gladiator/Twitter
Gladiator/Twitter

Ридли Скот работи со полна пареа

Иако во изминатиот период, Ридли Скот активно работеше на своите два големи проекти „The Last Duel“ и „House of Gucci“, тој сепак одлучи да се зафати со продолжението на приказната на „Gladiator“.

„Gladiator 2“ ќе влезе во продукција веднаш по следниот филм на Ридли Скот, „Kitbag“, што ќе се фокусира на приказната за Наполеон Бонапарта, а улогата на францускиот лидер ќе ја преземе Хоакин Феникс. „Kitbag“ и „Gladiator 2“ се единствените два филма што Скот ги има во најава во моментот.

Во моментов, не е најавен датум за премиера на „Gladiator 2“, но затоа пак, со нетрпение го очекуваме филмот „House of Gucci“, што ќе се појави во кината на 24 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот