Eнди Мареј и Џејми Мареј/EPA/ADAM VAUGHAN EDITORIAL USE ONLY

Се пензионираше братот на Енди Мареј, еден од најдобрите британски тенисери во двојки

Еден од најуспешните британски тенисери во двојки, Џејми Мареј, стави крај на својата богата професионална кариера, оставајќи зад себе импресивни резултати и бројни трофеи.

Мареј, кој е првиот Британец што се искачил на врвот на светската ранг-листа во конкуренција на двојки, последен пат настапи на турнирот во Њујорк минатото лето, по што реши да стави точка на долгогодишната кариера.

„Моето тениско патување завршува по 36 години“, напиша 40-годишниот тенисер на социјалните мрежи.

„Се чувствувам навистина среќен и привилегиран за сите неверојатни искуства што ми ги овозможи овој прекрасен спорт“, додаде тој.

Братот на Енди Мареј, кој остави длабока трага во сингл конкуренцијата, не заборави да им се заблагодари на најблиските за поддршката низ целата кариера.

„Им благодарам на мајка ми, татко ми, Енди, Але, Алан, Луис и Томас за неверојатната поддршка, трудот и жртвата во текот на мојата кариера, што ми овозможија да го постигнам максимумот во тенисот. Исто така и на сите останати кои ми помогнаа и ме поддржува, ви благодарам“, порача Мареј.

Во текот на кариерата, тој се искачи на првото место на светската листа во 2016 година, освои седум грен-слем титули во двојки и вкупно 34 турнири. Со репрезентацијата на Велика Британија, Мареј беше дел и од историскиот триумф во Дејвис купот во 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот