Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Се огласи Обвинителството за смртта на четиригодишното девојче од Србија

За четиригодишно девојче од околината на Чачак, Србијам кое почина на 4 февруари по операција на крајниците, истрагата за овој случај ја води Вишото јавно обвинителство во Чачак, кое нареди обдукција на телото на детето и токсиколошки анализи, објавија српските медиуми.

„Во врска со зголемениот јавен интерес за настанот кога четиригодишно дете почина по тонзилектомија во Општата болница во Чачак, ја информираме јавноста дека дежурниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Чачак бил известен од Полициската управа во Чачак за настанот и дека наредил да се изврши обдукција врз телото на починатото дете, да се извршат токсиколошки анализи, како и да се преземат други мерки и дејствија со цел да се утврдат сите околности поврзани со наведениот настан, по што ќе се одлучи за понатамошниот тек на постапката“, соопшти обвинителството.

Девојчето починало поради компликации по операцијата, додека се будела. Таа беше итно транспортирана од Чачак во Белград и почина во Институтот за мајка и дете.

Нејзината мајка за медиумуте вчера во очај изјави дека девојчето немало други здравствени проблеми освен крајниците.

Претходно, Министерството за здравство објави дека презема сите потребни мерки.

 

Девојче почина во Србија по рутинска операција на крајници: Почнаа да ја будат, тогаш сè започна…, раскажува мајка ѝ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот