СЕ ОГЛАСИ И ТРАМП: Одобрувањето на обвиненијата е срамота

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да му пречи долготрајно судење во американскиот Сенат.

Тој пред новинарите во Белата куќа изјави дека сака да ги види „свиркачите” чија жалба ги поттикна демократите да започнат истрага за повлекување.

Откако Судскиот комитет во Претставничкиот дом одобри два члена за импичмент, Трамп го опиша процесот како „срамота”, велејќи дека демократите го тривијализираа повлекувањето.

Комитетот на Претставничкиот дом на САД ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструкции против американскиот претседател.

Конгресниот судски комитет гласаше со 23 „за” наспроти 17 „против” за да го одобри обвинението со кое Трамп се товари дека ја злоупотребил службената должност за да изврши притисок врз Украина да го истражи политичкиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој работел во украинска енергетска компанија.

Прочитајте и...  Се урна надвозник близу Москва, над 50 повредени (ВИДЕО)

Комисијата, исто така, одобри уште едно обвинение со кое Трамп се товари за опструкција на Конгресот.

Претходно, Комитетот одобри посебно обвинение со кое Трамп се обвинува за злоупотреба на моќта за обидот да ја натера Украина да го истражи Џо Бајден.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на Комитетот ја поставува основата за гласање од страна на целиот Претставнички дом следната недела, со што ќе заврши процесот на отповикување. Тоа значи дека во рок од неколку недели Трамп ќе се најде на судење во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.

Прочитај повеќе

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Слободен печат

Дневен преглед на состојбата со коронавирусот во светот

Швајцарците со мнозинство од 50,1 процент го поддржаа купувањето на нови борбени авиони

Слободен печат

Се бројат мртвите во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија: Загинаа 16 Ерменци, повредени се над 100

Слободен печат

Белите мантили на удар – и буквално: Сè почести физички напади врз здравствените работници

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Дали е Брисел новото европско жариште?

Слободен печат

Азербејџан прогласи воена состојба: Ерменија размислува да ја признае независноста на Нагорно-Карабах

Слободен печат

Белоруската полиција со солзавец и шок бомби против „непослушните демонстранти“

Слободен печат

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан: Зошто започнаа и како светот гледа на нив? (ВИДЕО)

Слободен печат

Именувањата на директорите ќе почнат најдоцна до 15 октомври

Слободен печат

Макрон: Лукашенко мора да си оди

Слободен печат