Одобрени обвиненијата против Трамп за злоупотреба на службена должност

Фото: Smialowski / AFP / Profimedia

Комитетот на Претставничкиот дом на САД ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструкции против американскиот претседател Доналд Трамп.

Конгресниот судски комитет гласаше со 23 „за” наспроти 17 „против” за да го одобри обвинението со кое Трамп се товари дека ја злоупотребил службената должност за да изврши притисок врз Украина да го истражи политичкиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој работел во украинска енергетска компанија.

Комисијата, исто така, одобри уште едно обвинение со кое Трамп се товари за опструкција на Конгресот.

– Денеска е свечен и тажен ден. Претставничкиот дом ќе дејствува многу брзо – изјави претседавачот на комисијата Џери Надлер, по гласањето.

Претходно, Комитетот одобри посебно обвинение со кое Трамп се обвинува за злоупотреба на моќта за обидот да ја натера Украина да го истражи Џо Бајден.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на Комитетот ја поставува основата за гласање од страна на целиот Претставнички дом следната недела, со што ќе заврши процесот на отповикување. Тоа значи дека во рок од неколку недели Трамп ќе се најде на судење во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот