Се готви нова трансфер бомба: Погба рече „да“!

twitter.com/Realmadridplace

Францускиот интернационалец Пол Погба е пред разделба со „црвените ѓаволи“.

Кампањата „Погбек“ не се прослави, детето на Јунајтед се врати на „Олд Трафорд“ пред три години, но делува дека Французинот само на моменти потсетува каков играч може да биде.

Повторно на големо се шпекулира дека ќе си замине од Манчестер јунајтед, а Реал Мадрид води во трката за неговиот потпис. Но, и Јувентус останува исто така една од опциите…

„Кралевите“ откако претходно ги обезбедија услугите на белгискиот репрезентативец Еден Азар, подготвени се за уште еден бомбастичен трансфер.

Од друга страна, пак, тимот на Јунајтед веќе се спремаат за живот без Погба и имаат две имиња кои би ја пополниле празнината.

Станува збор за Кристијан Ериксен и Белгиецот кој го одигра вториот дел од сезоната во Лестер, Јури Тилеманс.

Ериксен веќе изрази желба за заминување од Тотенхем, нешто покомплицирано ќе биде со Тилеманс кој е играч на Монако, но и тој посакува да остане во англиската елита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот