Официјално: Азар е нов фудбалер на Реал Мадрид – Слободен печат
СпортФудбал

Официјално: Азар е нов фудбалер на Реал Мадрид

Како што од претходно се најавуваше, тоа во петокот и се реализираше, Еден Азар и официјално е новиот играч на Реал Мадрид.

Од Реал потврдуваат дека Азар вкупно пет сезони ќе го носи „кралскиот“ дрес, односно неговиот договор ќе трае до 30 јуни 2024 година.

После репрезентативните обврски со Белгија, Азар ќе биде промовиран како фудбалер на шпанскиот великан на 13 јуни (четврток) на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ после лекарските прегледи.

За Челзи одигра 352 натпревари и реализираше 110 голови. Долг период беше желба на Реал кој успеа во изминатиот период да го ангажира и српскиот репрезентативец Лука Јовиќ.

Лондонските „сини“ му се заблагодарија на својот досегашен играч кој учествуваше во две премиерлигашки титули, како и на трофејот сезонава во Лига Европа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close