Трофејот во Лигата на Европа, обоен во „сино“ (ВИДЕО)

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Англискиот премиерлигаш Челси е победник во Лигата на Европа откако во финалето го совлада градскиот ривал, Арсенал, со 4:1 и тоа благодарение  на фантастичното второ полувреме.

Арсенал подобро го започна натпреварот, беше доминантен во првите 30-тина минути но не успеа да создаде посериозна шанса и на полувремето се отиде без голови. Во второто полувреме на теренот имаше само една екипа, Челси во чии редови, Еден Азар, имаше „кралски“ настап со два постигнати голови.

EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Резултатот го отвори Оливие Жиру на стартот од вториот дел, а Педро и Азар за пет мунити, во 60. и 65. минута ја навестија победата на Челси. Арсенал возврати преку Ајоби во 69 минута, но Еден Азар кој го имаше последниот настап за „сините“ од Лондон пред преселбата во Реал Мадрид во 72. минута го постави конечниот резултат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот