Се фалеше дека знае како да „улови“ старец и да му го испразни новчаникот: Хана ја следат 500.000 Балканци, а нејзиното минато не може да се избрише! (ФОТО)
Регионалната инфлуенсерка Хана Хаџиавдагиќ Табаковиќ денеска е една од најплатените во својата област, а само на социјалните мрежи ја следат повеќе од 500.000 следбеници.
На својот профил истакнува дека е тв-водителка, новинарка, инфлуенсерка, како и мотивациски говорник.
Но, пред овие блескави кариери, вистината била потполно поинаква. Хана се променила преку ноќ, но остана позната по бројните скандали кои го тресеа регионот.
Таа беше водителка на „Нова Тв“, каде во рамките на емисијата „Ред Карпет“ една вечер одлучи да се маскира и да глуми проститутка на улиците во Загреб.
Нашминкана и облечена во краток фустан со тигрест принт, дочекуваше потенцијални клиенти во друштво на двајца момци од агенција за обезбедување кои биле скриени и ја следеле целата ситуација во случај нешто да не тргне во непосакуван правец.
Кој не ја гледал емисијата – проституките тогаш пред камерите откриле дека помеѓу клиентите има бројни хрватски адвокати, доктори и бизнисмени кои според нив биле најдобрите клиенти. Исто така откриле дека и полицајците понекогаш се интересирале за нивните услуги.
Хана е позната и по тоа што едно време јавно призна дека имала „акција“ со девојка.
– Имав девојка. Бевме во врска шест месеци. Некогаш бев бисексуалка. Кога си млад се треба да пробаш. Сега го најдов мажот кој ми одговара во се – рекла Хана за медиумите.
Исто така Хана одлучи и да ја оправда етикетата дека е босанската Париз Хилтон, па одлучи да отвори училиште за спонзоруши, за да може да ги учи помладите девојки како да „уловат“ богато младо момче или пак старец.
Таа за себе тврдеше дека дипломирала на катедрата за спонзоруши. Поради големото искуство, таа ги учела девојките како да им го испразнат новчаникот и кои силикони мораат да ги носат.