ВИДЕО | „Се дробам, се лизгам“: Немила случка на Тамара на Водно, ја спасуваше непознат херој
Тамара Тодевска се повреди качувајќи се на Водно по лизгава патека. „Се здробив“, рече пејачката која целата непријатна случка ја раскажа на нејзината инстаграм-приказна.
Препорачано
„Ич не е ладно, пријатно е баш. Нема никој на планинава, сама сум. Ако ме нема, да знаете каде сум“, низ насмевка рече пејачката па додаде: „И дечки, тргнав јас нели да се пентарам по Цветкова, зашто само за таа патека знам и паѓам! Се дробам, се лизгам, и како што паѓам, во тој момент се појавува еден дечко кој сака да дојде да ми помогне.
Ми вели: ‘Кај си тргнала по таа патека, заледено е. Ајде, ќе се качиш некако, ама како после ќе се симнеш?’. И тргнав јас со него по некоја друга патека, затоа што испадна дека е мојот спасител. Ме искачи некако до горе, успеав да се качам. Да тргнев по Цветкова или ќе се вратев или ќе се качев ама после на како ќе се симнував до долу? Така што, преживеав дечки, добра сум, и не бев сама на планината“, рече Тамара во видеото.
Познато е дека таа е љубител на планините, и често објавува видеа како се искачува на Водно, но досега се нема качувано по вакви временски услови. Тамара и редовно вежба во теретана и трча на кејот на Вардар.
Пред неколку дена, таа со својот другар диџеј Зоки Бејбе беше во Барселона, на роденденско патување. Диџејот и радиоводител својот роденден го прослави во убавиот шпански град со најдобрата пријателка.


