Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Моменти што ќе се паметат: Тамара Тодевска замина со Зоки Бејбе на роденденско патување во сончевата Барселона

Нашата пејачка Тамара Тодевска со еден убав гест покажа колку ги негува пријателствата со своите најблиски. Имено, Тамара објави на социјалните мрежи дека отпатувала во Шпанија со долгогодишниот пријател Зоран Ристевски, познат како диџеј Зоки Бејбе.

Неодамна Зоки го прослави својот роденден, а по тој повод двајцата другари заминаа на роденденско патување во сончевата Барселона.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Двајцата споделија низа фотографии на кои покажаа како уживаат во сонцето, културните знаменитости на оваа позната туристичка дестинација, но и дружбата со неколкумина нивни заеднички пријатели.

„Роденденско патување со најдобрата другарка“, напиша Зоки на една од објавите.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Судејќи по нивните насмевки, овој роденден на Зоки долго ќе го паметат.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот