Се чисти системот за водоснабдување во Македонска Каменица

Вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Во изминатиот период, како што додадоа, со ваков третман беа опфатени и изворите во селата Моштица и Цера.

Во Македонска Каменица продолжува обезбедувањето чиста вода за пиење за локалното население. По чистење на зафатот за вода Горештица екипи на Јавното претпријатие „Камена Река” продолжија со активностите за чистење на постоечките резервоари. Активноста како што истакнаа надлежните има за цел подобрување на квалитетот на водата за пиење.

– После замената на филтерските слоеви од зафатот на вода за пиење Горештица, ЈП Камена Река продолжува со активностите за чистење на системот за водонабдување во Македонска Каменица. Изминатите денови, искористувајќи ги поволните временски услови, беше извршено темелно чистење на резервоарите за вода од системот, со што граѓаните ќе добијат почиста и вода за пиење со подобрен квалитет – истакнаа од „Камена Река”.

Во изминатиот период, како што додадоа, со ваков третман беа опфатени и изворите во селата Моштица и Цера.

– За подобрување на водоснабдувањето и реализација на горенаведените активности заедно со чистење на зафатот Горештица имаме на располагање 300 илјади денари сопствени средства од буџетот на претпријатието, велат од јавното претпријатие и најавија дека и во иднина ќе продолжат со редовните активности потребни за овозможување на наведените потреби на граѓаните на Општина Македонска Каменица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот