Елтон Џон и Дејвид Фурниш / Фото: Инстаграм/Дејвид Фурниш

„Се бори“: Сопругот на Елтон Џон откри како е пејачот по губењето на видот

Сопругот на легендарниот музичар Елтон Џон, Дејвид Фурниш, откри нови детали за здравствената состојба на славниот пејач и истакна дека тој продолжува храбро да се бори.

Елтон Џон во јули 2024 година доби сериозна инфекција на окото, поради која го изгуби видот на десното око, а на левото му остана  значително ограничен вид.

Фурниш за магазинот „Варајети“ изјавил дека пејачот моментално е добро и дека најмногу време поминува со своето семејство.

„Тој е одлично. Се бори, но продолжува напред. Среќен е што е дома со семејството и со нашите синови. Токму затоа и ја заврши турнејата. Навистина го сакаме родителството, го сакаме нашето семејство и сакаме да бидеме заедно – тоа ни е сè“, рекол Фурниш.

Претходно и самиот Џон призна дека изминатата година била многу тешка поради проблемите со видот.

„Тоа беше разорувачко. Го изгубив видот на десното око, а и левото не ми е баш добро. Последните 15 месеци беа многу предизвикувачки затоа што не можев ништо да гледам, ниту да читам“, изјави тој.

Дејвид Фурниш и Елтон Џон / Фото: Инстаграм/Дејвид Фурниш

И покрај тоа, музичарот не ја губи надежта дека науката во иднина ќе му помогне.

„Имав неверојатен живот и сè уште има надеж. Само треба да бидам трпелив и да се надевам дека еден ден науката ќе може да помогне. Кога тоа ќе се случи, ќе бидам добро“, порача Елтон Џон.

Освен со проблемите со видот, пејачот се соочувал и со други здравствени потешкотии, за кои отворено зборуваше на премиерата на документарниот филм „Елтон Џон: никогаш не е доцна“ (Elton John: Never Too Late).

„Да бидам искрен, не остана многу од мене. Немам крајници, ниту аденоиди, ниту слепо црево. Немам простата. Немам десен колк, ниту лево и десно колено. Всушност, единственото што ми остана е левиот колк. Но сè уште сум тука. И не можам доволно да ви се заблагодарам – вие сте луѓето што ме создадоа“, рече тој.

Елтон Џон откри каква бизарна молба имал до докторт кој го оперирал: „Беше доста изненаден …“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот