СДСМ партиска зграда / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

СДСМ: Најавата на Мицкоски за поставување „владини повереници“ е директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја

СДСМ реагираше на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поставување „владини повереници“, оценувајќи ја како директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја.

„Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите и изборниот процес, како и заобиколување на граѓанската волја“, се наведува во соопштението на партијата.

Од СДСМ прашуваат како Мицкоски планира да ја суспендира Државната изборна комисија (ДИК) и да ги преземе нејзините законски надлежности, истакнувајќи дека ДИК е единствениот надлежен орган за спроведување на изборите, кои се веќе распишани и се одвиваат според Изборниот законик.

Партијата додава дека тезата за „збунувачки“ ливчиња поради независни кандидати е апсурдна, бидејќи и на минатите локални избори имало голем број независни кандидати и листи, без да претставува пречка.

„Зад најавите за „неуспешни“ избори јасно се крие паниката поради сериозениот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните јасно ќе ја изразат својата волја“, заклучуваат од СДСМ.

Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници, изјави вчера премиерот Христијан Мицкоски.

Тој не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко.

Ако не успее изборниот процес, Владата има можност да постави повереници, вели Мицкоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот