Фото: СДСМ

СДСМ: Изјавата на Мицкоски од Виена е дипломатска катастрофа, пренесе пораки од Москва

Опозицискиот социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дадени по денешната средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во Виена. Според СДСМ, изјавите околу европскиот пат на Македонија и третманот од Европската унија се „дипломатска катастрофа“ и „срам за целата држава“.

„Мицкоски отиде во посета на Виена, главниот град на членка на Европската Унија, и ги навреди домаќините, ја направи Европа „силеџијка“ која врши „булинг“ врз Македонија. Оваа изјава не е само дипломатска катастрофа, таа е срам за целата држава. Вели дека тој „сè направил“, а процесот станал „приказна без крај“. Човекот кој освен конфликти, злоупотреба на службена должност и лично богатење не направил ништо на дипломатскиот план, сега ја затвора вратата на ЕУ таму каде што оди“, велат од СДСМ.

„Велат ‘Процесот за ЕУ трае 21 година’. Колку години од тоа време ги украдоа прво Груевски, а сега и Мицкоски? Колку години Македонија стагнира со оваа криминална група ВМРО? Наместо да гради европска држава Мицкоски: Ја запоседна правосудната власт, ги ограбува ИПАРД фондовите, воведува декрети за забрана на слобода на говор, ја уништува слободата на медиумите, создава меѓуетнички тензии, граѓаните кои се за ЕУ ги нарекува ‘медиокритети’ и ‘талог на општеството’. Сето ова го прави по директива од Москва, за да го запре патот на Македонија кон Европската Унија. Како може Црна Гора и Албанија да напредуваат, а ние да стоиме на место? Исто како и во Србија, каде што поради еден диктатор се замрзнуваат европски средства. Менторот Орбан им падна. Наскоро ќе паднат и овие двајца“, додаваат од опозициската партија.

Савески најави крај за „фиока-системот“: Сите предмети се важни, со нив се решаваат човечки судбини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот