Сценаристот на „Ѕвездени патеки“ обвинет за физичко и сексуално злоставување: Ја тепал и силувал сопругата
Роберто Орчи, сценаристот на „Ѕвездени патеки“ и „Трансформери“, е обвинет дека постојано ја тепал и сексуално ја злоставувал својата сопруга.
Препорачано
Актерката Адел Хедер Тејлор во тужбата тврди дека нејзиниот сопруг Роберто бил биполарен, алкохоличар и често бил лут, објави „Холивуд Репортер“.
Таа наведува дека тој ја нарекувал кучка, ја влечел низ куќата и ја тепал оставајќи ѝ модринки по целото тело. Наведува и дека во мај 2022 година, тој ја бркал во градината и ја „приковал“ на земја, заканувајќи ѝ се дека ќе ја силува. Тврди дека тој сексуално ја нападнал во градината следниот месец, велејќи ѝ дека „ужива во силувањето“.
Тејлор исто така тврди дека Роберто Орчи повикал полиција во април 2020 година, откако се обидела да се пресмета со него, и дека потоа била уапсена поради семејно насилство.
Според тужбата, тој ја извадил од притвор.
Адел Хедер Тејлор го напушти Роберто Орчи по уште еден напад во декември 2022 година. Тогаш Адел Тејлор направила аудиоснимка на која нејзиниот сопруг се заканува дека ќе ја претепа и ќе ја избрка.
По тој инцидент тој поднел забрана за приближување и развод.
Адвокатот на Роберт Орчи ги отфрли сите обвинувања.
„Мојот клиент ги негира обвинувањата и со нетрпение очекува судски спор пред соодветниот суд“, рече адвокатот, а пренесуваат странските медиуми.


