Саздов: Најмногу се читаат македонските писатели, но немаме доволно трилери и мемоари

Локалните приказни се секогаш поинтересни за читателската публика, вели Бојан Саздов, директор на издавачкиот центар “Три“ и претседател на Асоцијација на македонските издавачи.

-На листата на бестселери, кај нас, веќе подолго време се наоѓаат домашните автори. Во моментов „Вилино“ од Винка Саздова е најчитаниот и најпродаваниот роман од нашата издавачка куќа, имаме и други автори како Јагоа Михајлова Георгиева, Ана Јовковска, којашто неодамна ја издаде својата нова книга „Сакам, значи постојам“, изјави Саздов во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој потенцираше дека има недостаток на политички романи, а како пример ги посочи мемоарите на Глигоров кои беа читани.

Секогаш има побарувачка и желба да се читаат локални приказни, но малку доцниме во делот на тоа што кај нас нема доволно силна и голема продукција во однос на очекувањата на читетелите. На пример, немаме доволно книги од жанрот трилер, немаме доволно политички романи, политички биографии, мемоари. Често истакнуваме дека мемоарите на Киро Глигоров беа исклучително читани, како политички и истриски темелник“, рече Саздов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот