Савшек и го донесе првиот златен медал на Словенија

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Бенјамин Савшек и го донесе првото злато на Словенија на Олимписките игри во Токио, откако беше најдобар во дисциплината кајак кану на диви води. Словенецот имаше речиси совршена трка, патеката ја помина за 98.25 секунди без ниту еден казнен поен.

Ова е втор медал за Словенија на ОИ во Токио, но прв златен. Претходно велосипедистот Тадеј Погачар го освои бронзениот медал на уличната трка.

Единствен кој имаше шанси да го загрози Савшек беше Чехот Лукас Рохан, но тоа имаше послабо време од 99.96 секунди, а плус заработи и две казнени секунди поради допирање на капија и со остварени 101.96 секунди мораше да се задоволи со сребрениот медал.
Бронзата ја освои Германецот Сидерис Тасиадис кој оствари време од 103.70 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот