Саша Ковачевиќ искрено за вирусот поради кој заврши во болница

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Sasa Kovacevic

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ на кратко се повлече од јавноста поради болест, а сега откри со каков вирус се борел.

Ковачевиќ по тежок период и болеста со која се борел еден месец, се врати на работа и моментално престојува во Црна Гора на летна турнеја.

По кратката медиумска пауза, тој за првпат се појави во јавност како специјален гостин на концертот на неговиот грчки колега Никос Вертис, кој пред неколку недели одржа концерт на Ташмајдан.

Саша за прв пат се појави пред фоторепортерите и претставниците на медиумите, а зборуваше за актуелните случувања на сцената и за својот живот. Тој се осврна и на болеста што го оддалечи извесно време и во оваа прилика ги откри деталите од неговата борба. Како што објасни претходно, во болница поминал 10 дена поради болеста, а два пати бил хоспитализиран, пренесуваат српските медиуми.

„Сигурно сум ослабен 5 килограми, но добро, важно е како човек се чувствува, а сега се чувствувам многу добро. Мислам дека ми се вратија силите и затоа продолжив да правам концерти и да имам настапи. Дефинитивно не би настапувал ако ми е лошо. Помина периодот таков, како што беше, па не се навраќам на оние работи кои не беа толку сјајни, туку секогаш гледам во иднината. Не знам што беше, изгледа сѐ се акумулирало, со оглед на тоа дека живееме во побрзо темпо и побрз живот. Во одреден момент веројатно се јавува некаков стрес кој е дополнителен тригер и тоа е тоа“, изјави Саша и за првпат откри со каков здравствен проблем се соочувал и какви тегоби имал.

„Вирусот кој помина низ мене, како што ми кажуваат лекарите, е вирус кој го пренесуваат деца, што значи нешто што децата не го ни регистрираат. Дури и целото мое семејство го прележа истото и тоа буквално без кашлица, температура, но еве мене ми направи нешто со крвта што не беше супер па ме оставија во болница осум, девет дена на разни анализи. Фала на Бога после сите тие тестови дознавме што е тоа и само кажувам дека некоја почетна иницијална капсула се случи токму во тој момент за тоа да испадне така“, откри Ковачевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот