Саша Барон Коен го објави името на новиот филм за Борат, кој го снимил во тајност!

Саша Барон Коен го објави името на новиот филм за Борат, кој скришно го снимал за време на пандемијата.

Продолжението на филмот „Борат! Културните учења за Америка за корист на славната нација на Казахстан“ од 2006 година е насловено „Борат: Подарок на порнографски мајмун на вицепремиерот Михаел Пенс за да има корист од неодамна ослабената нација на Казахстан“.

инсатаграм

Заплетот сè уште се чува во тајност, но она што е познато е дека Борат повеќе не е полупозната ТВ личност од Казахстан, кого го играше во филмот од 2006 година. Пошироката јавност сега го познава, па тој е принуден да се маскира за да интервјуира други. Така, еден од оние „инсајдери“ кои имале привилегија да го гледаат филмот вели дека „Коен го игра Борат кој го игра Коен“.

Прочитајте и...  Чизмите во кои Џулија Робертс го заведе Ричард Гир на аукција: Почетната цена - „ситница“

Не е познато дали зад новиот материјал стои 20th Century Fox, кој го финансираше и дистрибуираше филмот од 2006 година, ниту дали режисерот Лери Чарлс е вклучен во сè, како што тоа го стори пред 14 години.

Поврзани вести

Зошто Меган и Хари се враќаат во Лондон за Божиќ?

Слободен печат

Официјални препораки за употреба на витамин Д во време на пандемијата

Слободен печат

Крај по 16 години брак: Првата дама на модниот свет Ана Винтур е повторно сама!

Слободен Печат

Д-р Горан Николов: Метаболизмот и брзата храна – виновници за дебелеење кај жените после 30-та година од животот

Слободен Печат

Пол Макартни објавува нов албум: Тоа беше создавање музика за себе, а не за некоја цел

Слободен печат

Овој хороскопски знак има најсилна интуиција

Слободен печат

Остави Коментар